Кошаркарот, Танасис Антетокунмбо, се враќа во Милвоки откако пропушти една сезона за да ја санира повредата поради скината Ахилова тетива, објави доцна синоќа НБА тимот.
Постариот брат на двократниот МВП, Јанис, играше за Милвоки од 2019 до 2024 година. Toj одигра 34 натпревари за Бакс во текот на сезоната 2023-2024.
Танасис имаше просек од 2,4 поени и 1,6 скока за речиси 8 минути поминати на теренот по натпревар.

