Кошаркарот, Тејлен Хортон-Такер, доколку не добие понуда да остане во НБА лигата, има реални шанси да се пресели во европската кошарка.
Американскиот бек во последната сезона настапи во редовите на Чикаго со просек од 6,5 поени, 1,7 скока и 1,4 асистенции за околу 13 минути поминати на теренот.
Тој претходно ги бранеше боите на Лос Анџелес Лејкерс и Јута Џез. За неговите услуги е заинтересиран турскиот состав Фенербахче.

