Некогашниот НБА играч, Џеф Тиг, проценува дека Бен Симонс треба да се пензионира и да ја заврши кариерата.
„Лесно можам да го замислам тоа. Заработи 203 милиони долари, тоа е многу. А сега е сè завршено“ – вели Џеф.
„Дали сте го виделе на теренот? Веќе не може да се движи, трча како човек со болки во грбот. Не е здрав. Време е да се запре и да не биде предмет на потсмев“ – вели поранешниот играч .

