Германската кошаркарска репрезентација во големото финале на Европското првенство во Рига ја победи Турција со 88:83 и по вторпат стана шампион на Стариот континент.
Речиси од самиот почеток до крајот, двата тима беа целосно изедначени, а по голема борба, германскиот тим се искачи на врвот на Европа. Турците можат да жалат за одличната кошарка која ја покажаа и во ова финале, но во последните две минути Германците имаа помирна рака, погодија три тројки и со тоа дојдоа до пресврт за голем триумф.
Бонга со 20 поени беше најефикасен во составот на Германија, каде Вагнер имаше 18, а Шредер постигна 16, од кои последните 4 поени во оваа голема победа.
Кај селекцијата на Турција најефикасен во финалето беше Шенѓун со 28 поени.

