Денис Смит се обидува да се врати во НБА лигата. 27-годишниот плејмејкер ќе се испроба во Њујорк Никс додека трае трениг-кампот.
Смит беше деветтиот избор на НБА драфтот во 2017 година и ја помина првата сезона во Далас. После тоа, Смит играше во уште пет НБА клубови и конечно дојде во Европа.
Тука не успеа да се наметне во Реал Мадрид по што се определи да ги напушти „кралевите“ како слободен кошаркар.

