Поранешниот прв човек на Далас Маверикс, Марк Кјубан, вели дека драстично се промениле социјалните медиуми на кои доминира кошарката.
„ Социјалните медиуми беа фантастична алатка за НБА кога стануваше збор само за навивачите да ги запознаат играчите и обратно. Беше пријателско и забавно. Речиси и да немаше омраза. Сега е сосема спротивното“ – вели Кубан.
„Луѓето пишуваат нешто од типот: „Поради тебе, мојот облог не се оствари. Стигнавме до точка кога пишувањето е повеќе штетно отколку корисно. Секако, можете да објавите нешто, но, тоа може негативно да влијае на вашата психа“ – рече поранешниот сопственик на „Маверикс“.

