Кошаркарот, Коби Буфкин, добива нова шанса со екипата на Бруклин. Во исто време Атланта ќе ослободи место во ростерот.
15-тиот избор на НБА драфтот во 2023 година, ќе замине во Бруклин за одредена сума, објави „ESPN“. Нетсите имаат капитален лимит од 11,6 милиони долари и сигурни 15 играчи со загарантирани договори.
Буфкин во текот на изминатите две сезони одигра само 27 мечеви за Атланта и имаше просек од 5 поени и 1,6 асистенции за околу 12 минути поминати на паркетот.

