23-годишниот лидер и центар на турската репрезентација, Алеперн Шенгун, верува дека кошарката ќе донесе многу радосни моменти во неговата татковина.
„Сега не можевме да освоиме злато но, највредното нешто што го добивме беше поддршката од секој граѓанин на нашата земја“ – рече Шенгун по завршувањето на Евро-баскетот.
„Кошарката во Турција ќе продолжи да се развива. Верувам дека заедно можеме да достигнеме уште поголеми височини“ – рече носителот на сребрениот медал.

