Џон Холингер од „Атлетик“ ги наведе потенцијалните казни според Член XIII од Уставот на НБА што комесарот на лигата би можел да им ги изрече на Кавај Ленард и „Клиперс“ за нелегални финансиски договори.
Можни казни за играчот: Раскинување на договорот и забрана за потпишување на нов со Клиперс. Враќање на парите добиени од Aspiration. Казна до 350 илјади долари.
Можни казни за клубот: Казна до 7,5 милиони долари. Губење на неколку избори на драфтот. Дисквалификација на сопственикот Стив Балмер или други менаџери до една година и казни до 1 милион долари за секој од нив

