Машката ракометна репрезентација договори двомеч со селекцијата на Јапонија, како дел од подготовките пред Европското првенство кое следната година ќе се одржи во три земји.
Првиот меч ќе се одигра на 30 октомври, додека вториот е закажан на 1 ноември.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат одлична можност за проверка на квалитетите пред заминувањето на првенството на Стариот континент.

