Кошаркарот на Портланд, Дамијан Лилард, проговори за своите емоции по враќањето во матичниот тим.
„Не сум многу емотивна личност но, враќањето со оглед на возраста на моите деца и состојбата на тимот, ми се чини како правилна одлука“ – рече Лилард.
„Враќањето таму каде што ги поминав првите 11 години од мојата кариера е еден од моментите во мојот живот кога се чувствувам неверојатно среќен“ – сподели кошаркарот.

