Еурофарм Пелистер не успеа да приреди сензација на гостувањето кај ПСЖ синоќа, иако во голем дел од мечот беше рамноправен противник, па дури и водеше со три гола разлика. Голманот Никола Митревски беше еден од главните причини за кам-бекот на Пелистер во мечот, запишувајќи 10 интервенции. По средбата, нашиот репрезентативец истакна:
„Покажавме дека можеме да играме со големите екипи, дека имаме квалитет. Многу малку недостигаше да влеземе во незивесна завршница. ПСЖ мечот го реши во последните три минути каде што не успеавме да издржиме до самиот крај. Одиме понатаму, треба да анализираме каде згрешивме, имавме неколку технички грешки во напад кои беа пресудни да поведат и да го контролираат натпреварот во последните десет минути“.
Следен меч за Пелистер е дуелот со Алкалоид во недела во Скопје, а потоа следува мечот во Лигата на шампиони на домашен терен против дански ГОГ.

