Францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Усман Дембеле, е новиот освојувач на „Златната топка“ по одличната сезона во дресот на францускиот тим. Наградата Дембеле ја прими од рацете на бразилската фудбалска легенда Роналдињо.
Усман Дембеле изминатите години беше во сенка на неколку други големи ѕвезди коли беа добитници на оваа престижна награда, но оваа година соработлата со тренерот Луис Енрике му помогна да се пронајде со својот стил на игра и да го смени начинот на размислување за пристапот и односот во неговиот однос кон играта. Дембеле стана лидер на тимот што освои четири трофеи, вклучувајќи го и историскиот прв во Лигата на шампионите.
Французинот, како најдобар стрелец на тимот (35 гола), одигра многу важна улога: го постигна единствениот гол на „Енфилд“ против Ливерпул во реваншот од осминафиналето на ЛШ, запиша две асистенции со Астон Вила во четвртфиналето, еден гол и една асистенција против Арсенал во полуфиналето и уште две асистенции во финалето со Интер. Со овој негов придонес сосема очекува ја доби оваа награда.
Усман Дембеле стана шестиот фудбалер од Франција кој освојува „Златна топка“ и тоа ја прави оваа земја рекордер, по Германија и Италија кои имаат по пет освојувачи.

