Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Усман Дембеле освојувач на „Златната топка“
    Фудбал

    Усман Дембеле освојувач на „Златната топка“

    risteBy riste23/09/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Усман Дембеле, е новиот освојувач на „Златната топка“ по одличната сезона во дресот на францускиот тим. Наградата Дембеле ја прими од рацете на бразилската фудбалска легенда Роналдињо.

    Усман Дембеле изминатите години беше во сенка на неколку други големи ѕвезди коли беа добитници на оваа престижна награда, но оваа година соработлата со тренерот Луис Енрике му помогна да се пронајде со својот стил на игра и да го смени начинот на размислување за пристапот и односот во неговиот однос кон играта. Дембеле стана лидер на тимот што освои четири трофеи, вклучувајќи го и историскиот прв во Лигата на шампионите.

    Французинот, како најдобар стрелец на тимот (35 гола), одигра многу важна улога: го постигна единствениот гол на „Енфилд“ против Ливерпул во реваншот од осминафиналето на ЛШ, запиша две асистенции со Астон Вила во четвртфиналето, еден гол и една асистенција против Арсенал во полуфиналето и уште две асистенции во финалето со Интер. Со овој негов придонес сосема очекува ја доби оваа награда.

    Усман Дембеле стана шестиот фудбалер од Франција кој освојува „Златна топка“ и тоа ја прави оваа земја рекордер, по Германија и Италија кои имаат по пет освојувачи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.