Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, изјави дека повредениот, Матијас Лесор, ќе се врати на теренот во ноември. 30-годишниот кошаркар заработи повреда на крајот на 2024-та година и имаше долго закрепнување.
„Учеството на Лесор на Фајнал Фор во Абу Даби не беше погрешна проценка. Сакаше да игра“ – рече Атаман.
„Лекарите ни рекоа дека му треба повеќе време за да биде 100 проценти. Ќе се врати во ноември – изјави Атаман пред денешниот старт на Евролигата.

