Кошаркарот, Костас Папаниколау, влезе во историјата на елитниот состав Олимпијакос.
Тој на вчерашниот меч со Реал Мадрид во Евро-лигата, по 748 пат го носеше дресот на грчкиот гигант. 35-годишникот на тој начин успеа да го надмине Јоргос Принтезис кој има одиграно 747 средби.
Папаниколау ја игра 15-та сезона со клубот од Пиреја. Тој во два наврата се израдува на пехарот во Евро-лигата.

