Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лино: Мечот на легендите во Скопје е потврда на тоа што значи ракометот за Македонија
    Ракомет

    Лино: Мечот на легендите во Скопје е потврда на тоа што значи ракометот за Македонија

    sasoBy saso08/10/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Меѓу гостите кои ги очекуваме во Скопје на ревијалниот ракометен спектакл насловен како „Легендите на сцена“, ќе биде и една од тренерските легенди на хрватскиот и светски ракомет, Лино Червар. Утрово со Лино разговаравме за неговото учество на настанот во СЦ „Јане Сандански“, а тој самиот ја потенцираше големината на истиот и важноста на македонскиот ракомет за целиот ракометен свет

    „Со нетрпение очекувам да се собереме во Скопје повторно. Македонија е единствената земја во регионот и пошироко каде ракометот е спорт број еден. Тоа е нешто што е од исклучителна важност за ракометот како спорт. Оттука и важноста на овој настан кој треба да се одржи во Скопје. Ќе се соберат големи легенди на ракометот на едно место и ќе имаме уште една вечер за дружба и уживање“, потенцираше популарниот Лино.

    Тој заедно со уште неколку легендарни стратези ќе бидат предводници на тимовите составени од големи ракометни имиња. Настанот како дел од прославата на 20-годишнината на Спортско радио 90,3 ФМ, ќе биде несекојдневна можност на едно место да ги собере и македонските и интернационалните ракометни ѕвезди.

    Билетите за настанот се пуштени во продажба онлајн преку ticket.com.mk.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.