Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, се повреди на натпревар од предсезоната против Голден Стејт.
Тоа се случи во третиот период од мечот. Веднаш потоа на тајм-аутот Ривс остана на клупата а Лука Дончиќ му посочи дека не треба да се враќа во игра.
Ривс повеќе не се појави на теренот но, остана најдобар поентер во тимот со 21 кош. Неговиот состав успеа да слави на мечот со 126-116.

