Вардар утре го почнува својот поход во новата сезона на Лига Европа а прв противник е Сесвете од Хрватска. Тренерот Иван Чупиќ, очекува први бодови.
„Eкипата добива облик каков сакаме да имаме и да играме. Во однос на Европа сакаме играчите да знаат што значи дресот на Вардар. Ако впишеме плус уште два бода ќе добиеме на самодоверба“ – нагалси Чупиќ.
Мечот Вардар-Сесвете ќе биде одигран утре во СЦ Јане Сандански од 18.45 часот.

