Џејсон Кид останува тренер на кошаркарите на Далас откако клубот од НБА се определи да му го продолжи договорот.
52-годишниот тренер има 328 натпревари од регуларната сезона со ефект од 179 победи и 149 порази.
Ќе потсетиме дека Кид во текот на летото зад нас се поврзуваше со евентуален ангажман во Њујорк но, тоа сепак не се случи.

