Екипата на Сакраменто ја искористи опцијата за продолжување на договорот со кошаркарот, Девин Картер. Истиот ќе биде активен до сезоната 2026-27.
23-годишниот плејмејкер во претходното издание на НБА лигата одигра 37 натпревари за „Кингс“ со просек од 4,0 поени, 2,1 скока и 1,2 асистенции.
Картер во летната лига беше еден најдобрите на теренот со просечно реализирани 14,5 поени, 3,8 скока, 4,5 асистенции и 1,7 украдени топки.

