Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ, очекува тешко гостување кај Реал Мадрид во меч од Евролигата.
„Реал Мадрид игра доминантно во транзицијата. Мораме да бидеме перфектни ако сакаме да победиме“ – рече тренерот на „црно-белите“.
Мечот ќе биде одигран доцна вечер во Шпанија со почеток во 20.45 часот. Двата тима имаат по две победи и еден пораз во првите три кола.

