Бостон продолжува да го крои составот за наредната сезона во НБА лигата. 22-годишниот поентер Ар Џеј Луис (198 см) го изгуби своето место во тимот.
Луис не беше драфтуван но потпиша со Јута а неговите права ги стекнаа Селтикси со размена на Жорж Нианг. Бостон сега има опција да потпише двонасочен договор со уште еден играч.
Во конкуренција се Рон Харпер, Кендал Браун, Вендел Мур и Џејлен Бриџис кои работат во тренинг-кампот.

