Екипата на Анадолу Ефес ги демантира гласините дека кошаркарот, Роланд Шмит, ќе ја напушти Турција иако 30-годишниот поентер од Летонија добива се помала минутажа .
Тој на четири натпревари од Евролигата, имаше просек од 13,6 минути по натпревар, со просек од 5 поени, 2,3 скока и 1 асистенција.
Во меѓувреме се појавија неколку екипи што сакаат да го ангажираат Шмит но, Ефес е категоричен дека играчот нема да се продава.

