Кошаркарот на Милвоки, Јанис Антетонкумпо, проговори, за гласините дека наскоро би можел да се пресели во друг клуб од НБА.
„Мојата главна цел е да играм во истиот тим повеќе од 20 години. Сакам да бидам како најголемите играчи на сите времиња кои играле во еден тим“ – рече грчкиот поентер.
30-годишниот кошаркар го носи дресот на Милвоки од 2013 година и има освоено една шампионска титула.

