Кошаркарот на Хјустон Кевин Дурант, го продолжи договорот со „ракетите“, потврдија доцна синоќа медиумите во САД.
37-годишниот американски поентер кој е двократен шампион, се согласил на двегодишно продолжување на договорот со вредност од 90 милиони долари.
Според најавата, Дурант може да остане во тимот и за сезоната 2027-28.

