28-годишниот американски кошаркар, Нејт Сестина, ќе ја продолжи кариерата во Италија, потврдија дел од медиумите.
Играчот кој е висок 206 сантиметри ќе го носи дресот на Милан. Тој се определи да ја напушти Валенсија откако имаше премала минутажа.
Сестина во Евро-купот имаше просек од 6,8 поени, 3 скока и 1 асистенција за 18,2 минути по натпревар.

