Њу Орлеанс ја прекина соработката со 23-годишниот, Џејден Спрингер, бидејќи договорот на играчот не беше загарантиран а финансиските загуби на клубот ќе бидат минимални.
Кошаркарот ќе добие исплата за трите дена што ги поминал според договорот во текот на регуларната сезона како и за двата дена што ги поминал како отпуштен играч. Тоа е приближно 70.000 долари.
Заминувањето на Спрингер отвори простор во ростерот и го зголеми ограничувањето на посебниот буџет за околу 4 милиони долари.

