Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, вели дека контролниот двомеч со Јапонија во рамките на ЕХФ неделата ќе послужи како одлична подготовка за претстојното Европско првенство во почетокот на 2026 година.
„Натпреварот со Јапонија го договоривме уште во текот на летото. Тони Џирона е селектор на оваа селекција, која негува брз, динамичен и интересен стил на игра. Овие два меча ќе ги искористиме за пробување нови варијанти и подобрување на одредени сегменти во нашата игра“ – вели Лазаров.
„Имаме добра можност за подобрување на некои варијанти во играта, кои можеме понатаму да ги искористиме на големите натпреварувања. Јапонија е противник по мерка за нас“ – рече Лазаров.

