Нашата машка ракометна репрезентација ќе одигра два пријателски меча со селекцијата на Јапонија во рамките на ЕХФ неделата. Kапитенот, Филип Кузмановски, вели дека со нив ќе започне за мисијата за Европското првенство.
„Секој собир има некоја цел. Сега ќе се подготвуваме за дуелите со Јапонија. Нашата цел на овој собир е добра подготовка за континенталниот настап“ – вели Кузмановски.
„Овие млади играчи минаа долго време заедно и сите созреваат во лидери на нивните екипи. Треба сите да нè гледаат сериозно, имаме што да покажеме“ – потенцираше Кузмановски.

