Легендарниот кошаркар, Шекил О’Нил, останал без неговиот Рејнџ Ровер. Автомобилот со кошаркарска тематика бил украден додека се транспортирал од Атланта во Луизијана.
Полицијата идентификуваше круг на осомничени но, сè уште не добила никакви резултати. Компанијата што го модифицирала автомобилот нуди 10.000 долари за информации за неговата локација.
Логистичката компанија која била задолжена за транспортот, изјавила, дека нејзината внатрешна мрежа била хакирана.

