Кошаркарот на Њу Орлеанс, Зијон Вилијамсон, ќе отсуствува најмалку 7-10 дена поради повреда на левиот тетивен мускул.
Тоа е нов удар за екипата која катастрофално ја стартуваше сезоната во Западната конференција во НБА лигата со шест порази во исто толку мечеви.
Вилијамсон одигра пет сезонски натпревари со просек од 22,8 поени, 6,8 скока и 4,6 асистенции.

