Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, го пропушта почетокот на сезоната. Тој нема да патува на петте натпревари на гостински терен по што останува да се види дали ќе ја искористи можноста да тренира со тимот.
„Се надевам дека Леброн Џејмс ќе продолжи според медицинскиот протокол“ – рече тренерот Џеј Џеј Редик.
„Немаме конкретен датум за враќање. Се надеваме дека ќе ги заврши сите фази и ќе се врати некаде околу втората или третата недела од ноември“, заклучи главниот тренер.

