Кошаркарскиот тим Партизан поднесе жалба против судењето во Евролигата за пресметките со Олимпија Милано, Барселона и Олимпијакос.
„Во првите девет натпревари, „црно-белите“ честопати страдаа поради нееднакви критериуми во судењето како и неколку очигледни грешки“, се наведува во соопштението на Партизан.
Српскиот тим кој се наоѓа на 18-то место на табелата во најсилното натпреварување на Европа денеска ќе му биде домаќин на Монако.

