Играчот на Далас, Купер Флег, го изедначи рекордот на Леброн Џејмс како најмлад кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 25 или повеќе поени на еден натпревар.
Првиот избор на годинешниов драфт застана на 26 поени во победата против Милвоки. Флег на тој начин со 18 години и 324 денови, успеа да го повтори ефектот на легендарниот, Џејмс.
Младиот кошаркар на ноќешниот меч забележа 9 скокови, 4 асистенции и 2 украдени топки.

