Кошаркарот на Феникс, Грејсон Ален, забележа 42 поени на мечот со Њу Орлеанс што претставува рекорд во неговата кариера.
30-годишниот поентер постигна 10 тројки со што го собори клупскиот рекорд на „сонцата“ во НБА лигата.
Ален во неговата статистика на мечот против „пеликаните“ додаде и два скока, четири асистенции и три украдени топки.

