Кошаркарите на Хапоел тел Авив доцна синоќа ја совладаа Басконија со 114:89 во меч од Евролигата a поентерот во редовите на израелскиот состав, Колин Малком вели дека конкуренцијата е исклучително тешка.
„Нема лесни натпревари во Евролигата. Натпреварите се секогаш тешки“ – рече крилниот играч.
„Одлично одигравме во нападот. Имавме освоени топки под кошевите и отворени шутеви“ – рече играчот на Хапоел тел Авив.

