Според италијанските медиуми, раководството на Наполи го контактирало Тиаго Мота во случај на евентуално заминување на Антонио Конте од функцијата главен тренер.
Враќањето на Антонио Конте во Неапол е закажано за денеска (понеделник), останува сериозно неизвесно. Односите меѓу двете страни се чини дека остануваат напнати, како што беа во последните денови.
Првиот човек на Наполи , Аурелио Де Лаурентис е решен да не плаќа никаква отштета. Претседателот јасно му стави до знаење на својот тренер дека ако дојде до збогување, одлуката за оставка ќе биде негова. Ќе видиме што ќе одлучи Конте. Дури и ако се врати, тој сепак ќе мора да реши важни прашања со тимот.
Во меѓувреме, Наполи веќе го контактираше Тиаго Мота за да бидат подготвени за секој случај, објавија медиумите.
За потсетување, Конте зеде една недела одмор по поразот од Болоња со 2:0 во 11-то коло од Серија А. Се очекува 56-годишникот да се врати на работа денес. Засега, неговиот помошник, Кристијан Стелини, го води тренингот на тимот.
Наполи моментално е на четвртото место во лигата, два бода зад лидерот Интер.

