Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Наполи прегова со Тиаго Мота, доколку се разделат со Антонио Конте
    Фудбал

    Наполи прегова со Тиаго Мота, доколку се разделат со Антонио Конте

    risteBy riste17/11/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Според италијанските медиуми, раководството на Наполи го контактирало Тиаго Мота во случај на евентуално заминување на Антонио Конте од функцијата главен тренер.

    Враќањето на Антонио Конте во Неапол е закажано за денеска (понеделник), останува сериозно неизвесно. Односите меѓу двете страни се чини дека остануваат напнати, како што беа во последните денови.

    Првиот човек на Наполи , Аурелио Де Лаурентис е решен да не плаќа никаква отштета. Претседателот јасно му стави до знаење на својот тренер дека ако дојде до збогување, одлуката за оставка ќе биде негова. Ќе видиме што ќе одлучи Конте. Дури и ако се врати, тој сепак ќе мора да реши важни прашања со тимот.

    Во меѓувреме, Наполи веќе го контактираше Тиаго Мота за да бидат подготвени за секој случај, објавија медиумите.

    За потсетување, Конте зеде една недела одмор по поразот од Болоња со 2:0 во 11-то коло од Серија А. Се очекува 56-годишникот да се врати на работа денес. Засега, неговиот помошник, Кристијан Стелини, го води тренингот на тимот.

    Наполи моментално е на четвртото место во лигата, два бода зад лидерот Интер.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.