Ракометарите на Еурофарм Пелистер в четврток ќе гостуваат кај ПИК Сегед во новата рунда во групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот на битолчани, Рубен Гарабаја, вели дека мора да се одигра крајно внимателно.
„Задоволни сме од триумфот во Битола но, ќе биде потешко од првиот меч, тоа е сигурно. Добро е што полека се враќаме по сите потешки повреди на стартот од сезоната. Тимот е скоро комплетен и ќе можеме да имаме поширока ротација“ – вели Гарабаја.
„Имаме голем простор за напредок. Не е време за конечниот расплет во групата, ако можеме, сигурно ќе се бориме за пласман во втората рунда“ – вели тренерот на Еурофарм Пелистер.

