Леброн Џејмс ја започна 23-та сезона во НБА. По пропуштени 14 натпревари, тој им помогна на Лејкерси да ја победат Јута, постигнувајќи 11 поени и 12 асистенции.
„Одлично е што сум повторно на теренот со тимот! Тоа беше тежок ментален тест за мене. Тоа беше прв пат во мојот живот да го пропуштам почетокот на кошаркарска сезона“ – рече играчот на Лос Анџелес Лејкерс.
„Играм кошарка од мои девет години и секогаш ја започнувам сезоната од првите натпревари. Минувањето низ тоа физички, емоционално и духовно беше тешко“ – рече Џејмс.

