Нашите најдобри кошаркари од денеска влегуваат во фаза на подготовки за новиот циклус претквалификации за пласман на Европското првенство. Селекторот, Марјан Илиевски, вели дека треба да се заборави минатото.
„Надополнети сме со поискусни играчи што не значи дека многу работи се менуваат. Тие се присутни тука и сигурно ќе бидат од значење“ – изјави нашиот селектор.
Првиот натпревар ќе го имаме на 27 ноември во Скопје против Азербејџан а три дена потоа ќе одиме кај Ирска во Даблин. Во групата се наоѓа и селекцијата на Луксембург.

