Екипата на Милан остана без тренерот, Еторе Месина кој си поднесе оставка по поразот од Трст во италијанското кошаркарско првенство.
Претседателот на клубот, Панталео Дел’Орко, веднаш го назначи за нов главен тренер, Џузепе Поета, кој претходно беше прв асистент на Месина.
Искусниот стратег за пет години во Милан, освои 3 титули во италијанското првенство а исто така освои и три Суперкупа и два Купа на Италија.

