Ракометарите на Охрид по двете убедливо поминати две кола во Европскиот куп на ЕХФ го доби својот следен противник за осминафиналниот двомеч.
ГРК Охрид досега ги прескокнаа Баку од Азебејџан и Слога Добој од Босна и Херцеговина, а денес го дозна и следниот ривал.
Европската ракометна федерација ја одржа осминафиналната ждрепка на која беа одредени паровите. Охрид имаше среќа да налета на Дукла Прага од Чешка.
Првиот натпревар ќе се игра во Охрид на 14/15 февруари, додека реваншот ќе биде на 21/22 февруари во Прага.

