Центарот на Далас, Дерек Лајвли, дефинитвно нема да игра на наредните три гостински натпревари.
Маверикс официјално објави дека кошаркарот е на лекарски преглед поради оток и непријатност во десното стапало. 21-годишниот играч по 7-10 дена повторно ќе мора да направи тестови.
Тој настапи само во седум натпревари оваа сезона, со просек од 4,3 поени и 5,3 скока.

