Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, се повреди на ноќешниот натпревар против Хјустон одигран во НБА лигата.
Бекот играше видно повреден во последните неколку минути а на 35 секунди пред крајот, по консултација со стручниот штаб го напушти теренот и отиде во соблекувалната.
Според прелиминарните извештаи, бекот има повреда на десниот колк. Кари одигра 33 минути постигнувајќи 14 поени 7 скока и 5 асистенции.

