Ѕвездата на „Маверикс“, Ентони Дејвис, зборуваше за својата реакција на неодамнешното отпуштање на генералниот менаџер, Нико Харисон.
„Никој ништо не знаеше, па затоа одлуката беше изненадувачка. Нико е еден од нас. Тој одигра огромна улога во тоа што ме доведе до тука и сакаше да ја остварам неговата визија.“- рече Дејвис.
„Сакам да победувам на натпревари и да го правам тоа за што Нико нè донесе сите тука – да ја освојам титулата“ – рече играчот на Далас.

