Македонската кошаркарска репрезентација по победата над Азербејџан на стартот од претквалификациите за Евробаскетот 2029 утринава замина за Даблин каде в недела треба да и гостуваат на Република Ирска.
Македонија на ова гостување замина по убедливата победа на домашен терен, додека Ирска загуби на кај Луксембург. Селекторот Марјан Илиевски најави една измена во составот на Македонија за следниот натпревар, ослободен од обврските ќе биде Омари Мур од Валенсија, а на негово место во ростерот влегува Џејкоб Вајли. Причината за ротацијата кај селекторот Илиевски е различниот тип на кошарка кои го играат Азербејџан и Ирска.
Натпреварот меѓу Ирска и Македонија се игра на 30 ноември од 18:00 часот.

