Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Македонија го покажа својот квалитет и со победа се враќа од Даблин
    Кошарка

    Македонија го покажа својот квалитет и со победа се враќа од Даблин

    risteBy riste30/11/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа се враќа од гостувањето во Даблин каде го одигра вториот натпревар од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2029 година. Македонија славеше против домашната репрезентација на Република Ирска со 88:76.

    Овој триумф беше многу важен за нашата селекција, а сега следи директен дуел со Луксембург кој исто така има две победи по првите две кола. Тој натпревар ќе се игра во февруари во Македонија, а местото на одигрување дополнително ќе биде утврдено.

    Дуелот во Даблин почна во знакот на домаќинот, кој имаше добар старт и поведе со 8:0. Сепак потоа Македонија заигра многи подобро во нападот и успеа да го заврши првиот период со 27:20. Во вториот период многу подобра игра на Макеоднија и на одмор се замина со предност од 42:40. Се играше изедначено се до финишот од натпреварот кога Македонија се одлепи на 5 поени разлика 72:77, а подоцна знаеше да ја искористе секоја шанса и да дојде до конечните 76:88.

    Најдобар кај Македонија беше Андреј Јакимовски со 26 поени, го следеше Џејкоб Вајли со 20 поени и девет скока, Мекиќ додаде 12, а Стојановски 11 поени. Кај Ирска, Самуел Алаџики имаше 26 поени.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.