Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс, ги сподели мислите за одбраната на тимот кој се наоѓа дури на 16-то место во тој сегмент во НБА лигата.
„Секогаш има простор за подобрување. Има ноќи кога играме добра одбрана и има ноќи кога правиме грешки“ – вели Хејс.
„Мислам дека сето тоа е дел од предизвиците што доаѓаат со почетокот на сезоната“ – рече играчот на „езерџиите“.

